Без вода утре делови од општините Центар, Чаир и Бутел

Прекинато водоснабдување утре ќе имаат корисниците во делови од општините Центар, Чаир и Бутел, соопшти РЦУК по известување од ЈП Водовод и канализација.
Поради дефект на приклучна водоводна цевка од Ф-2“ на бул. „Страшо Пинџур“ бр. 11 во нас. Пролет од 9 часот без вода ќе бидат корисниците од бул.„Страшо Пинџур“, ул.„Пролет“ и ул.„Цицо Поповиќ“ во општината Центар. Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до завршување со санација на дефектот.
Прекинато водоснабдување поради промена на затворач ф-100 мм на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“ бб во близина на Општина Чаир, од 9 часот ќе имаат корисниците од дел од улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Костурска“, „Вуковарска“, „Љуба Ивановиќ“, „Ресенска“, „Архиепископ Доситеј“, „Крсте Асенов“, дел од бул. „Босна и Херцеговина“ и населбата Бутел 2. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
