Македонија
12. February 2018 - 11:57

Без вода утре дел од Гази Баба и Центар

 Корисниците на дел од М.Т.В., дел од Крњево, дел од Керамидница и бензинската пумпа Макпетрол утре ќе бидат без вода поради промена на затварач од Ф-600 мм на Кеј Димитар Влахов бб (на паркинг пред М.Т.В.).

Како што соопшти РЦУК Скопје, по добиена информација од ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето во овие наслени места во општините Центар и Гази Баба, ќе трае од 08:30 часот до санирање на дефектот.