Без вода делови од општините Аеродром и Центар

Без вода за пиење во текот на денов ќе бидат дел од корисниците во општините Аеродром и Центар, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ била добиена информација дека прекинато водоснабдување ќе имаат корисници на делови од „Тодор Александров“ и „Партение Зографски“ во општина Центар. Како што се појаснува во соопштението, причината е поврзување на нова водоводна мрежа на крстосницата од „Тодор Александров“ и „Периша Савелиќ“.
Додека поради изведување водоводен приклучок на улицата „Абдул Фрашери“, прекинато водоснабдување ќе имале корисниците од улиците „1611“, „1612“, „1613“, „1614“, „1615“ и „1616“ во општина Аеродром.
Прекинот во водоснабдувањето е најавено од девет часот па сè до завршување со работните активности.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
-

Преглед на вестите од светот
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
-

Тема на денот со Бранко Ѓоргевски
