Македонија
16. November 2020 - 15:50

Без вода дел од жителите на населба Аеродром

Без вода денеска ќе бидат корисниците од булевар „Асном“, односно зградите од број 4 до број 20 и корисниците од булевар „Јане Сандански“, зградите со број 7, 9 и 11.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради уличен дефект ф 150 мм на булеварот „Асном“ бр.12 во населбата Аеродром.

Корисниците ќе бидат без вода од 14:45 часот се до завршување на интервенцијата.