-->
-->
Без трки на вториот ден од „Мавровскиот меморијал“
-->

Лошите временски услови пред се топлиот ветар и дождот не дозволија денеска се се одржат натпреварите од вториот ден од 53.то издание на „Мавровскиот меморијал“. Утрово организаторите се соочија со проблем за одржување на трките бидејќи немало доволно снег на патеката за одржување натпревар од Балканскиот куп.
Инаку, вчера во трката на 10 километри кај мажите победи Веселин Цинзов од Бугарија, пред Романецот Раул Михаи Попа и Дамир Растиќ од Србија. Најдобро пласиран од македонските натпреварувачи беше Дарко Дамјановски на 5.место, додека Миланчо Крестевски беше 13.ти. Машката трка ја завршија 25 натпреварувачи.
Кај жените во трката на 5 километри најдобра беше Романката Жанет Дарвас, пред сонародничките Николета Соварши и Ана Кеменеш. Викторија Тодоровска од Македонија го освои 14.место, а Марија Колароска беше 17.та.
Денеска требаше да се одржат трките на 5киломтри кај жените и ан 10 километри кај мажите. За нашите натпреварувачи во крос кантри и бијатлон за оваа сезона останува уште Балканијадата во биатлон што овој викенд ќе се одржи во Бугарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски координатор на пратеничка група СДСМ
-
Млад кочанчанец врзан со селотејп на скопскиот плоштад праша „Толку ли брзо не заборавивте“
-
Васил призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна
-
Крвава вечер во Штип: Убиство во кафуле, обид за бегство низ наплатна рампа
-
Најголема воена парада досега во Москва
-
Јубилеј 80 години од победата над фашизмот
-
Новиот папа Лео 14-ти ја отслужи својата прва миса како водач на Католичката црква