Без струја утре делови од неколку скопски општини
Заради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар, Шуто Оризари, Карпош, Чучер Сандево, Бутел и Кисела Вода.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Прохор Пчински“ и околните подулици во општина Центар, а во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од ул. „Индира Ганди“ како и објектите околу пазарот во општина Шуто Оризари.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 09:00 до 13:00 часот ќе имаат корисниците од ул.„Сливовска“ згр. бр. 3 и бр. 5, во општина Карпош, во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од Караула Рамно, Хидроцентрала Хидроинвест, с. Мирковци, с. Горњани, с. Чучер и с.Бањани во општина Чучер Сандево, а во периодот од 08:30 до 14:00 часот корисниците од дел од с. Горно Оризари во општина Бутел.
Без струја во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од Канепе Мебел, бул.„Борис Трајковски“ бр. 60 и објектите во близина, сите во општина Кисела Вода
Ново на Сител
-
Училишниот прибор ќе поевтини за најмалку 10 и 15%
-
Заврши обуката на пожарникарите – утре 352 лица ќе потпишат договори за работа
-
Преглед на вестите од светот
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп