Без струја утре делови од Центар, Кисела Вода и Илинден

Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Центар, Кисела Вода и Илинден.
Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, соопшти дека од 8 до 10 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Никола Вапцаров“ во општина Центар.
Од 8 до 16 часот без струја ќе останат дел од жителите од улиците „Димитар Гуштанов“, „Стари Новакина“, „Ризо Ризов“, „Антон Димитров“, „Јанко Мишиќ“ и „Дреновска Клисура“, како и улиците „Иван Хаџи Николов“, „Димитрија Чуповски“, „Киро Фетак“, „Радое Дакиќ“ и „Ужичка Република“ во општина Кисела Вода.
Дел од селата Кадино и Марино, населеното место Бела Земја, како и објектите на Т - мобиле во Марино, ЗИК Пумпа, млин Кадино и Мак Инвест во општина Илинден ќе бидат без струја од 08:25 до 14 часот.
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
