Без струја утре делови од Центар, Карпош и Ѓорче Петров
Делови од општините Центар, Карпош и Ѓорче Петров утре во различни временски интервали ќе немаат струја, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи.
Повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, РЦУК информира дека струја ќе нема поради закажани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.
Од 10:30 до 15:30 часот без струја ќе остане булеварот „Климент Охридски“, кај Владата на РМ, од 08:30 до 14 часот дел од улиците „Дебарца и „Народни херои“, а од 08:30 до 09:30 часот улицата „Никола Тримпаре“ бр. 8 и бр.9, сите во општина Центар.
Од 08:30 до 11 без струја ќе бидат делови од улиците „Крсто Баиќ“, „Кукушка“ и нивната непосредна околина, како и делови од улиците „Јордан Хаџи-Константив Џинот“, „Ристо Шишков“ и „Аминта Трети“, во близина на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.
Во општина Карпош од 08:30 до 09:30 часот струја ќе немаат дел од корисниците на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и дел од улиците „Јуриј Гагарин -6“ и „Јуриј Гагарин-4“, додека од 9 до 14 часот делови од улиците „Нерешка“, „Жданец“, „Теодосиј Синаитски“.
Од 9 до 11 часот електрична енергија ќе нема во населбата „Усје“, над „Стаклара“ во општина Кисела Вода, а од 10 до 11:30 часот, дел од селото Никиштане во Општина Ѓорче Петров.
Од 12:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат објектите во поранешна „Кожарница“ и Македонски Железници - Локотерна Станица во општина Гази Баба, а од 10 до 14:30 часот улицата „Букурешка“ од бр. 31 до 57 во општина Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци