Без струја утре дел од Центар, Карпош, Чаир и Студеничани

Дел од општините Центар, Карпош, Чаир и Студеничани утре, во различни периоди од денот, ќе останат без електрична енергија.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот
Струја нема да имаат: од 9 до 11 часот корисниците на булевар „Партизански Одреди“, од 11 до 12 часот корисниците на дел од улиците Жданец и Нерешка, како и дел од населбата Жданец, од 9 до 14:30 корисниците на дел од Дуќанџик, како и дел од Стара Чаршија, од 10 до 13 часот корисниците на дел од улиците 1616, 1612, 1336, како и од улицата Гаврил Константинович, од 9:30до 14 часот корисниците од булевар „Партизански Одреди“, улиците 4, 5 и 6, од 9:30 до 14:30 корисниците на улицата Коста Веселинов, дел од улицата Орце Николов, на потегот од Ленинова кон булевар Св.Климент Охридски, од 9:30 до 15 часот корисниците од булевар „8 Септември“ кај мостот на реката Серава и од 8:30 до 14:30 корисниците од селата Батинци, Љубош, делот спроти ресторантот Беровиќ.
Ново на Сител
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
