Без струја повеќе населени места во Скопје
Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од повеќе насели места во Скопје.
Во период од 05,00 до 12,00 часот без струја ќе бидат населениете места Студеничани и Моране во општина Студеничани, потоа Орешани, Таор, Ново Село, Пакошево, Гумалево, Тисовица, Смесница, Дејковец, Добрино, сите во општина Зелениково, вклучително и објектите на ЖТП Јане Сандански и ЖТП Зелениково, информираат од РЦУК.
Од 09,40 часот до 15,00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од корисниците во село Кучково, село Грачани и караула Чашка во општина Ѓорче Петров, а во период од 08,00 до 09,00 часот дел од село Крушопек во општина Сарај.
Од РЦУК информираат и дека поради водоводен приклучок од ф 80мм на ул „Лазар Поп Трајков“ бр 32, без водоснабдување ќе останат корисниците од оваа улица лоцирана во општина Гази Баба. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на интервенцијата.
Ново на Сител
-
Три последователни земјотреси ја погодија Грција
-
Софија реагира и обвинува за „провокации и навреди“ од Скопје
-
До крајот на месецов јавноста може да се вклучи во изработка на пет закони од образованието
-
Тајван ги зајакнува безбедносните врски со САД и сојузниците
-
Бурата „Борис“ предизвикува поплави и свлечишта во Италија
-
Годишниот извештај на Советот на јавни обвинители пред Комисијата за политичкиот систем
-
Мицкоски во посета на Брисел
-
Најмалку 20 загинати во вториот бран експлозии на комуникациски уреди во Либан