Без струја делови од Сопиште, Кисела Вода, Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
Без електрична енергија денеска ќе бидат корисниците во делови од неколку општини. Причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија се технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, од 08:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица бр.3 во с. Горно Соње во Општина Сопиште, од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од с.Добридол во Општина Сопиште, од 9 до 11 часот, корисниците од дел од ул.„Домазетовска“ во нас. Драчево во Општина Кисела Вода, од 9 до 12 часот, корисниците од дел од ул. „23-ти Октомври“ во Општина Аеродром, од 9 до 13 часот, корисниците од ул. „Ѓорѓи Пешков“ (Боемска улица) во Општина Центар, а од 9 до 14 часот, корисниците од улица бр.24 во с.Волково во Општина Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак