Без струја делови од неколку скопски општини
Корисниците од ул. „Црноризец Храбар“ во општина Аеродром денеска од 8 до 13 часот ќе останат без електрична енергија, соопшти РЦУК-Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД.
Од 8.30 до 13 часот струја ќе немаат дел од корисниците од с.Сарај – пат за Љубин (кај џамијата) во општина Сарај, а од 9 до 11.30 часот и поголем дел од корисниците од објектите со парен број на ул. „Иван Цанкар“ во населба Влае во општина Карпош.
Од 9 до 13 часот без електрична енергија ќе останат и корисниците од ул. „Елисе Поповски Марко“, „Киро Гавриловски“ и „Антон Панов“ во општина Центар, од 9 до 14.30 часот - дел од корисниците од ул. „Франце Прешерн“ со броеви од 20 до 40 во општина Карпош и од 11 до 15.30 часот - дел од корисниците на ул. „Поп Богомил“ и „Трнодол“ во општина Карпош.
Ново на Сител
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони