Без струја делови од Центар, Гази Баба, Сарај, Петровец, Ѓорче и Илинден

Поради технички зафати во електро-мрежата утре без електрична енергија ќе останат делови од Центар, Гази Баба, Сарај, Петровец, Ѓорче Петров и Илинден.
Во време од 9:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците Ѓуро Ѓоновиќ, Берска, Марија Бурсаќ, Светиниколска и Прилепска во општина Центар, од 10:00 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. Анастас Коцарев и ул. Мијачка во општина Ѓорче Петров, од 08:30 до 12:30 часот корисниците од ул. Лазар Поп Трајков броевите 20, 22 и 23 и Домот на Културата во општина Гази Баба, од 11:00 до 14:00 часот корисниците од дел од село Љубин во општина Сарај, од 09:00 до 12:00 часот корисниците од селата Кожле, Бадар, Блаце и Тотинци и тунелот Катланово во општина Петровец, од 08:00 до 11:00 часот корисниците од селата Бунарџик, Ајватовци и Кадино во општина Илинден и од 08:30 до 10:30 часот корисниците од подулици бр. 31 и бр. 49 во село Волково во општина Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
-

Владините ветувања на проверка: Што е реализирано на половина од мандатот?
-

Филипче по средбата со земјоделци: Тотална негрижа на Владата на Мицкоски за земјоделците
-

15.000 полуматуранти се запишале на првиот уписен рок во средните училишта
-

Колапси во автобуси и на улица - десеттина интервенции на Брза помош само во еден ден
