Без струја дел од ТЦ Мавровка
Без напојување со електрична енергија денеска и утре во периодот од 9 до 17 часот ќе останат дел од корисниците од Трговскиот центар Мавровка, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.
Во понеделник, во периодот од 8:00 до 18:00 часот, без струја ќе останат сите стопански објекти во кругот на поранешната фабрика Стаклара, во општина Кисела Вода.
Од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Љубош – место викано Врапче, општина Студеничани, како и корисниците од ул. „9 Мај“, општина Центар.
Во периодот од 8:30 до 12 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците лоцирани на бул. „Крсте Мисирков“ во стариот објект на Центро и Сенатор во општина Чаир.
Од 9 до 10 часот, без струја ќе бидат корисниците од село Долна Арнакија, во општина Сарај.
Во периодот од 9 до 15 часот, корисниците од улиците „Нов живот“, „Дринска“ и „Виничка“, во општина Шуто Оризари, како и корисниците од улиците „Чаирска“ и „Цветан Димов“ во општина Чаир.
Од 9 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од Капан – Ан Чаршија, од 9:30 до 13 часот, дел од корисниците од село Мирковци, општина Чучер Сандево, од 10:30 до 14 часот корисниците од место викано Чардак – Чучер Сандево, од 12 до 14 часот, корисниците од ул.„22“ во Сопиште.
Ново на Сител
-
Млад кочанчанец врзан со селотејп на скопскиот плоштад праша „Толку ли брзо не заборавивте“
-
Васил призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна
-
Крвава вечер во Штип: Убиство во кафуле, обид за бегство низ наплатна рампа
-
Најголема воена парада досега во Москва
-
Јубилеј 80 години од победата над фашизмот
-
Новиот папа Лео 14-ти ја отслужи својата прва миса како водач на Католичката црква
-
Ставревски и Славевски најсериозни кандитати за иден гувернер на Народната банка
-
Генералка викенд – почна најмасовната акција за собирање на отпадот