Без паника, можни се афтершокови од земјотресот во Скопје
Земјотрес со магнитуда од 4,2 степена според Рихтеровата скала е почувствуван изутрината во 04 часот и 08 минути во Скопје и околината.
По земјотресот во септември минатата година со магнитуда од 5,3 степени, земјотресот од утринава е втор по јачина. Три афтершокови со помала јачина следеа во септември минатата година по силниот земјотрес.
Сеизмолозите коментираат дека нормално е да има афтершокова активност на послаби земјотреси по потресот од утринава со магнитуда од 4, 2 степени.
Не може да се каже дали има опасност или колкава е опасноста Скопје да се соочи со нов земјотрес, после последниот потрес.
Малите потреси може да траат со месеци, коментираа од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ).
Сеизмолозите тврдат дека афтершоковите претставуваат празнења на енергијата што се насобрала во земјата по земјотресите и понекогаш за да се испразни таа енергија, потребно е и до две години.
Афтершоковите зависат од тоа колкава енергија останала заробена во земјата.
Ново на Сител
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје
-
Тема на денот со Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците
-
Побарано изземање на обвинителката во случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Филипче обвинува за политичка хајка против него за скандалот на онкологија - Мизрахи тврди дека тој се правдал
-
Без мотор и со делови од други возила - министерското БМВ на Груби пронајдено во сервис во Куманово
-
Борците од НОБ бараат Касами да не ги менува имињата на улиците
-
Во Струмица активиран алармот за загадениот воздух, ПМ 10 честичките пак го надминаа критичниот праг