Без официјален пречек: Се вратија со десет медали спортистите од Специјалната Олимпијада
Членовите од Специјална Олимпијада Македонија од 25 јули до 2 авуст учествуваа на Летните олимписки игри во Лос Анџелес и го забележаа најдобриот свој настап на една Олимпијадао својувајќи десет медали.
- Во сите олимписки дисциплини во кои се натпреварувавме, атлетика, пливање, пинг-понг и Јунифајд кошарка освоивме медали. Со гордост се враќаме во Македонија за да ја споделиме радоста со домашната јавност. Овие Олимписки игри само потврдија дека нашите атлети со интензивни тренинзи во рамки на програмата на Специјална Олимпијада Македонија може да освојува медали во големи рингови. Им благодариме на сите поддржувачи кои веруваа во нас и нашиот тим, изјави Ана Петровска, претседател на македонските атлети.
Носители на медали од Македонија се:
Атлетика:
Јулијана Петровска - злато на 100 метри,
Ајвази Себат - сребро атлетика 200 метри,
Ајвази Себат – сребро атлетика 400 метри,
Албан Бајрамовски - сребро на 400 метри.
Пливање:
Марио Мицковски - злато 25 метри слободен стил,
Стефан Трпковски - бронза 25 метри слободен стил,
Јована Павловиќ - бронза 50 метри пливање слободен стил.
Пинг-понг:
Фатиме Бељур – бронза,
Давид Стојановски – бронза.
Кошарка:
Унифајд тим – сребро.
На Игрите во Лос Анџелес учествуваа 7.000 атлети и 3.000 тренери од 177 земји и се натпреваруваа во 25 Олимписки спортови.
Учеството на македонските атлети беше овозможено со донација од Државна видеолотарија на Република Македонија.
Тие денеска пристигнаа во Скопје, но никој од официјалните лица во државава не ги пречека медалистите освен членовите на нивните семејства.
Ново на Сител
-
Во првото тримесечје од годинава, 391 новоевидентирани жртви на насилство во земјава
-
Две лица сакале да му пратат дрога по пошта на затвореник во КП Штип
-
Попладне и вечер облачно со краткотрајен пороен дожд
-
Марта Кос во понеделник и вторник во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан
-
Српски државјани повредени откако возило излетало од патот Неготино - Демир Капија
-
Малолетник избоден со остар предмет од 16-годишник на „Партизанска„
-
Дизелот поевтинува за 2,5 денари
-
Нетанјаху: Сега имаме одлична можност да шириме мир во регионот