Без Надал на УС Опен
Рафаел Надал дефинитивно нема да игра на УС Опен, доколку се одржи Гренд-слем турнирот во Њујорк, така што само Новак Ѓоковиќ останува во игра надвор од „големите тројца“.
Шпанецот ја објави важната одлука на Твитер, откако веќе е познато дека Роџер Федерер нема да игра на УС Опен, па за прв пат од 2004 година, би се случило само еден претставник од трите најдобри тенисери во историјата да биде на еден Гренд-слем.
Во исто време, ова би можело да биде првиот Гренд-слем без Надал и Федерер од 1999 година. Рафа се откажал најмногу поради пандемијата на коронавирус.
– После многу размислување, решив да не учествувам на УС Опен. Здравствената состојба е сè уште многу лоша по многу случаи на „Ковид-19“ и пандемијата е надвор од контрола. Тенис не се игра веќе четири месеци и тоа е страшно. Нема да се игра во Мадрид. Ова е одлука што не ја донесов лесно, но го послушав срцето и решив дека не можам да патувам во овој момент, напиша Рафа на Твитер.
Ново на Сител
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
