Македонија
1. April 2025 - 19:44

Без ефикасен систем за управување со отпад, државата ризикува од поголеми финасиски и еколошки штети

Повеќе од 30 отсто од отпадот наместо на депонија завршува расфрлен насекаде. Доколку државата итно не се справи со овој проблем ќе се соочи со поголеми финансиски и еколошки штети сметаат експертите кои и даваат поддршка на земјава за поефикасно справување со отпадот.

Македонија има усогласена регулатива со ЕУ но нема имплементација велат од министерството за животна средина. Државата дава доволно средства но се уште нема ефикасен систем за справување со отпадот. 

Партнерската конференција беше организирана во рамки на проектот одржливо управување со отпадот на локално ниво кој е финансиран од Шведска. Регионалниот систем предвидува затворање на нелегални отпади, изградба на модерни депонии и рециклирање што според меѓународното искуство ќе даде најголем резултат во подобрувањето на животната средина.