Без активно жариште пожарот на грчкиот полуостров Пелопонез
Значително подобрена е ситуацијата со големиот шумски пожар што вчера избувна во источниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез во поширокиот регион на Коринт, а утрово не постои активно жариште, јави дописничката на МИА од Атина.
Справувањето со огнената стихија траеше во текот на ноќта, а голем број пожарникари и утрово се на терен за справување со евентуалните разгорувања.
Интервенираат 140 пожарникари со шест пешадиски тима, 37 возила, четири авиони и три хеликоптери, а помагаат и цистерни од општините.
Во текот на вчерашниот ден полесно беа повредени тројца пожарникари, додека пак еден преживеа срцев удар и е хоспитализиран.
Иако пожарот е шумски и во близина нема куќи, сепак од бројот 112 за итни случаи до жителите на населените места во околината вчера беше испратена порака да бидат во состојба на готовност доколку биде потребна евакуација.
За 24 часа, односно во периодот од 18 часот во вторникот до 18 часот вчера, во Грција биле регистрирани 42 шумски пожари, од кои 30 биле веднаш ставени под контрола.
Согласно картата за опасност од пожари што секојдневно ја издава Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, денеска седум грчки периферии се во категорија четири со многу висок ризик од пожари.
Ново на Сител
-
СВР Куманово приведе две лица, возеле со 1,57 и 1,68 промили во крвта
-
Дали чоколадното млеко е здраво за децата?
-
Го убиле и закопале во близина на неговата куќа, уапсени три лица осомничени за убиство во кривопаланечко
-
Советот на јавни обвинители ја исклучи јавноста од точката за разгледување предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски
-
Реал прв финалист во шпанскиот куп
-
Дембеле за мечот со Данкерк: Останавме фокусирани и покрај водството на противникот
-
УХМР: Зголемен водостостојот на реките
-
Палчо отстранет од судница, Кешишев се плаши да зборува пред него