Бетониран цел дрворед во Охрид
Бетониран цел дрворед во Охрид на местото Кошишта кон Горна Порта. Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ објави фотографии и на шега напиша дека скопјани биле аматери поради бетонирањето на дрвата на кејот „13 Ноември“ на Вардар.
– Кај можеле скопјаништана да се појаки од нас! Бетонирале дрворед на кејот на Вардар. Аматери! Ам ние мојме ак’ сакаме и да ги асфалтираме дрвјата. Не мојме? Ево, почекајте. Без никаков план претставен пред жителите на општината, без никаква најава, со нивната типична „транспарентна“ работа, сигурно во „склоп“ со Планот за управување со Охридскиот Регион и Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, од Општина Охрид решиле да направат уште една коловозна лента на угорницата од Кошишта кон Горна Порта, притоа одземајќи дел од ридот и вегетацијата, па дрвјата кутри испаднале надвор, на улица. Уште еден „брилијантен“ потез на локалната самоуправа и јавните претпријатија. Кој ќе е обвинет сега, во охридскиот случај? Работниците, контролата, некој случаен минувач?, се вели во објавата.
Ново на Сител
-

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“
-

Исланд со осум голови разлика ѝ го нанесе првиот пораз на Шведска
-

Наполи убедливо поразен од Јувентус, Елмас одигра 70 минути
-

Србија европски првак во ватерполо
-

Хрватска ги задржа шансите за полуфинале со триумф над Швајцарија
-

Превозниците ќе ги блокираат граничните премини, бараат решение за престојот во шенген-зоната
-

Облачно со повремени врнежи од дожд
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
