Бетиане Китев: Ги спречивме нечесните намери на ВМРО-ДПМНЕ, аболицијата на Иванов е незаконска и ништовна

Не успеа планот на ВМРО-ДПМНЕ да ја врати аболицијата на Ѓорге Иванов и со тоа да ги спаси криминалците од своите редови.
Барањето за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување ја постигна целта.
Ги спречивме нечесните намери. Аболицијата на Иванов е незаконска и ништовна! Потврдено од законодавниот дом!
Од 2015 година па досега ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека одлуката на Иванов е исправна и врз основа на законски, постоечки член.
Законодавно-правната комисија го потврди тоа што СДСМ со години го тврди, односно, членот 11 на кој Иванов ги темелеше помилувањата не постои во правниот систем.
ВМРО-ДПМНЕ играше на картата дека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе калкулира и промашија. Играа на картата дека нема да имаме мнозинство и пак промашија. Играа на картата на лажење и затоа на Комисијата немаа што да кажат и се приклучија кога видоа дека не можат да ја блокираат Комисијата.
На седницата на комисијата пратениците на ВМРО-ДПМНЕ без каква било дискусија, гласаа дека не постои таков член.
Сега е тоа официјален собраниски документ кој потврди дека помилувањата на Иванов се незаконски и со тоа ништовни.
Тој документ покажува дека Иванов постапил незаконски со неговиот обид да помилува.
Се покажа дека ниту тогаш ниту пак сега има правна можност да се даде такво помилување. Со тоа аболицијата на Иванов е незаконска и ништовна, а тоа вчера го призна и ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ, критичката јавност, граѓаните, не дозволија да оживее незаконската аболиција на Ѓорге Иванов.
Да беа ВМРО-ДПМНЕ принципиелно за борба против корупција како што лажно тврдат, ќе го поддржеа и Законот за јавно обвинителство, ама наместо тоа го блокираат во обид да ги спасат криминалците од своите редови.
СДСМ не дозволи и нема да дозволи нови амнестии, одговорност за сите мора да има и ќе има.
Ново на Сител
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
-

Ќе се менува ли законот со кои се регулираат инфлуенсерите?
-

„Работнички“ доби нова спортска сала по сите ФИБА стандарди
