Бесплатни здравствени прегледи по повод Светскиот ден за борба против пушењето

По повод Светскиот ден против пушењето, Скопје Сити Мол во соработка со ЈЗУ Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза утре ќе организира бесплатни тестови за сите граѓани.
Медицинска екипа на ЈЗУ од 11 до 14 часот во Скопје Сити Мол ќе врши мерење на вредноста на карбон моноксид во издишаниот воздух, на присуство на кислород во крвта и на вредноста на максималниот експираторен проток.
Како што информира организаторот, граѓаните ќе можат да пополнат прашалник со општи податоци за пушачките навики, а со помош на медицински лица и листи кои што се однесуваат на пушачите и можноста да пресметаат колкави се нивните трошоци за пушењето и кои се придобивките ако се откажат од пушењето. Доколку при првото испитување граѓаните добијат вредности поголеми од 7 тогаш ќе им бидат направени и другите наведени испитувања со цел да се добијат сите дополнителни информации за здравјето.
Истовремено ќе биде спроведена и акцијата „Остави ги цигарите, земи книга и едуцирај се за здравјето“, со која сите што ќе ги фрлат своите кутии со цигари ќе добијат книга од Просветно Дело за здравјето.
Ново на Сител
-

Пилана од Делчево нелегално сечела дрва, запленети 19 метри кубни дрва | ФОТО
-

Иран: Поради американските потези во Персискиот Залив ќе има опасни последици
-

Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
-

Трамп: Денеска разговори меѓу Израел и Либан
-

Неколку убиени при нападите на Русија врз Киев, Днепар и Одеса
-

Без вода корисници на ул. „Капиштец“
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Мелони: Италија покажува силен интерес за заедничко производство на дронови со Украина
