Бесплатни wi-fi зони на Филолошкиот факултет, универзитетот „Мајка Тереза“ доби нов чет бот
Од денеска бесплатни ви-фи зони за студентите на Филолошкиот факултет. Ама не секаде.
Сител провери каде има бесплатен интернет. Студентите ќе може да се поврзат на мрежата „Free Wifi by MDT“ во аулата на факултетот, да пребаруваат на Гугл додека седат во амфитеатрите. Интернет има и во салаТА за седници кога раководството на факултетот ќе носи одлуки.
За интнернет во предавалните, студентите ќе почекаат подобри времиња.
„Следните чекори ќе бидат направени внатрешно во делот на предавалните и кабинетите. Во оваа фаза целокупниот простор, аулата на факултетот, сите амфитеатри, салата за седници се со оваа можност. Сето ова ќе задоволи повеќе од 700 студенти да бидат вклучени, во истиот момент да ги користат овие услуги“, изјави деканот на Филолошкиот факултет, проф. д-р Владимир Мартиновски.
Еден час подоцна од промоцијата на бесплатни wi-fi зони, на настан организиран на универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, беше претставена новата виртуелнална асистентка. Иновативна алатка која ќе им овозможи насока и поддршка на студентите. Кога ќе отворите на страницата на универзитетот, овој чет бот ќе Ви помогне за неколку секунди да го најдете академскиот календар, распоредот на испити и други информации за факултетот.
Се отвара суштинското прашање, со каква брзина се дигитализира нашето образование? Додека развојот на вештачката интелигенција (ВИ) во регионот напредува значително побрзо, во Македонија има студенти кои немат ниту основен пристап до интернет во собите на студентските домови.
Во Албанија, ВИ веќе е дел и од извршната власт. Првата дигитална министерка носи одлуки за тендери.
Кај нас голем исчекор во дигитализацијата претставуваат бесплатните ви-фи зони.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
