Бесплатни стоматолошки услуги за 63 ученици од социјално загрозени семејства во општина Центар
Општина Центар во соработка со Стоматолошкиот факултет – Скопје овозможи бесплатни стоматолошки услуги за 63 деца од сите осум основни училишта во општината кои спаѓаат во социјално ранливите категории.
По повод Светскиот ден на оралното здравје, Општина Центар информира дека за оваа услуга која децата ја добиваат на Стоматолошкиот факултет, издвоила 50.000 денари, а факултетот на децата им подари пригодни подароци со прибор за редовно одржување на оралното здравје.
Градоначалникот Горан Герасимовски изјави дека преку оваа соработка општината сака да им помогне на семејствата од социјален ризик обезбедувајќи бесплатни стоматолошки услуги за нивните деца.
-Одржувањето на оралното здравје е од суштинско значење за да се задржи правилното функционирање на организмот и севкупното здравје и квалитет на животот. Затоа, покрај поправката на запчињата, децата добија и совети за здрави навики и здрава исхрана, како и едукативни предавања за правилно четкање на забите со кои го победуваат стравот од одење на забар, истакна Герасимовски.
Општина Центар информира дека покрај ова, обезбедува стоматолошки услуги и за сите други ученици од прво одделение од сите основни училишта, како и за децата од возрасните и средни групи во градинките.
Ново на Сител
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%