Бесплатни прегледи за кумановци по повод Светскиот ден на здравјето
Екипите на Здравствениот дом – Куманово денеска по повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето организираа бесплатни превентивни прегледи за граѓаните на Куманово. На градскиот плоштад кумановци имаа можност да се прегледаат, да добијат совет за здрав начин на исхрана и да измерат притисок, шеќер во крвта и холестерол.
Надлежните од оваа здравствена установа информираа дека во акцијата биле прегледани околу 200 кумановци, претежно лица на возраст од 50 до 60 години.
– Дел од нив се хронично болни. Им препорачавме редовно да ја земаат пропишната терапија, да ги слушаат советите на лекарите. Сега е период на променливо време, па така можни се осцилации во притисокот, затоа и пациентите треба да користат терапија, а оние кои се работоспособни да практикуваат физичка активност и да внесуваат храна богата со витамини и повеќе течности, изјви главната сестра од Здравствениот дом – Куманово Марина Додевска.
Синдикатот и Здравствениот дом вчера организирале свеченост по повод Светскиот ден на здравјето и доделиле награди и пофалници за поединци и за служби во Здравствениот дом.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Трипуновски: Се ажурира базата на податоци на педолошката карта за засејување земјоделски култури
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни