Бесплатни кардиолошки прегледи во Охрид по повод Неделата на хипертензија

Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања од Охрид активно ќе се вклучи во одбележување на Седмицата на хипертензијата или високиот крвен притисок. Предвидени се неколкудневни активности во насока на подигнување на свеста кај населението за важноста од рано откривање, превенција, навремено и правилно лекување на високиот крвен притисок како еден од најголемите ризик-фактори за срцеви, мозични и бубрежни заболувања.
За таа цел утре од 10 до 14 часот во простории на Заводот ќе бидат спроведувани бесплатни прегледи реализирани од стручен тим.
- Како би опфатиле што поголема група пациенти во скрининг за хипертензија, во четврток и петок тимови на Заводот ќе посетат неколку јавни институции во Охрид, каде на вработените ќе им се врши мерење на крвниот притисок, а ќе се спроведат информативни и едукативни предавања, истакна директорот на Заводот за кардиологија Елена Коваческа – Башуроска.
Оваа година прегледи и советувања ќе се спроведат за вработените во Општина Охрид, СВР – Охрид и Територијалната противпожарна служба, додека слични активности ќе се практикуваат и понатаму во други институции, во насока на подобрување на грижата за здравјето на граѓаните на Охрид.
Загрижувачки се статистичките податоци кои укажуваат на се поголемиот број млади луѓе кои веќе боледуваат од висок крвен притисок и кои имаат потреба од соодветна терапија. Хипертензијата може да биде последица на повеќе фактори како хормонален дисбаланс, влијание има и генетската предиспозиција, но како многу значајни фактори се посочуваат неуреден начин на исхрана, намалена фузичка активност, небалансирана исхрана и лоши животни навики.
- Оттаму важноста од рано откривање на заболувањето, како не би дошло до понатамошни несакани последици, нагласи Коваческа – Башуроска.
Ново на Сител
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
