Бесплатна телефонска линија кај Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачко право
Во канцеларијата на Народниот правобранител од денеска граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. Сите непрaвилности може да се пријават во текот на предизборниот период и на денот на гласањето.
Како што соопшти Народниот правобранител, телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или снимената порака.
-Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници