Македонија
20. March 2017 - 15:42

Бесплатна бања и викенд за 95 пензионери од Крива Паланка и Ранковце

Oдобрени се 95 од вкупно поднесените 336 барања до филијалата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Крива Паланка за користење на услугите од двата проекти на Министерството за труд и социјална политика.

- Од вкупно одобрените 95 барања на пензионери до Крива Паланка и Ранковце, 61 корисник ќе посетува бесплатна бањско – климатска рекреација во Катлановска бања, додека на 34 пензионери им е одобрено користење бесплатен викенд, а услугите ќе ги користат во Берово, изјави Биљана Ивановска, раководител на филијала на ПИОМ, Крива Паланка.

Сите на кои им е одобрена услугата ќе добијат известување на домашна адреса, а ќе може да ja користат веќе од почетокот на следниот месец.

Проектот за бесплатна бањско климатска рекреација за пензионери почна во 2010 година и досега услугите во Катлановска бања ги искористиле 502 лица од Крива Паланка и Ранковце, додека проектот бесплатен викенд се реализира трета година и досега 68 пензионери од двете општини ја искористиле оваа услуга.

Заклучно со годинашните одобрени барања, со двата проекти од двете општини се опфатени 665 пензионери.