Беснее голем пожар во Македонија - пожарникарите на терен
Силен пожар беснее во атарот на село Саса, во непосредна близина на Аризанско и Османлиско маало. Зафатен е поголем дел на сува трева, папрат и букова шума.
Пожарот како што информираат од ТППЕ во Македонска Каменица се уште е активен, но поради непристапниот терен и отежнатите услови за гаснење во вечерните часови, гаснењето е прекинато.
-До утринските часови будно ќе се следи состојбата од дежурни екипи. Во утринските часови, во зависност од потребата ќе бидат ангажирани сите расположливи средства и капацитети за гаснење на истиот, велат од каменичката противпожарна единица.
Пожарот е пријавен во 11:30 часот од месното население, при што противпожарни единици веднаш се вклучени во гаснење на истиот. Активно, на терен биле вклучени и екипа од Шумското стопанство “Голак”, како и одреден број на лица од месното население
Ново на Сител
-
ЕК утре ќе објави дали Бугарија ги исполнува условите за прием во Еврозоната
-
Земјотрес со јачина од 5,8 степени меѓу грчкиот остров Родос и турското крајбрежје
-
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-
Со мотор излетале од пат, тешко повредени двајца малолетници
-
Ѓоковиќ избори четвртфинале против Зверев на Ролан Гарос
-
Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената на струјата
-
Русија предлага делумен прекин на огнот од два-три дена
-
Се трага по две девојчиња на возраст од 13 и 14 години кои излегле од дома и не се вратиле