Бесната толпа се обиде да ја сруши вратата: Макрон итно евакуиран од театар
Претседателот на Франција, Емануел Макрон синоќа заедно со неговата сопруга Брижит биле евакуирани од париски театар откако група на демонстранти се обиделе насилно да влезат внатре.
Нешто повеќе од 30 антивладини демонстранти се обиделе да упаднат во неодамна реновираниот театар „Буфе Ду Норд“ веднаш откако на социјалните мрежи се појавиле информации дека внатре се наоѓа Макрон со неговата сопруга.
Полицијата итно реагирала, па Макрон и Брижит биле безбедно евакуирани од театарот.
Додека претседателската колона со автомобили, придружена од засилено обезбедување ја напушташе улицата пред театарот, демонстрантите го исвиркуваа францускиот претседател и го навредуваа.
Според некои извештаи, Макрон и Брижит најпрвин со обезбедувањето ја напуштиле театарската сала на неколку минути, за потоа да се вратат на своите седишта со намера да ја догледаат претставата до крај.
Кога обезбедувањето проценило дека ситуацијата со демонстрантите може да ескалира, било одлучено претседателскиот пар да го напушти театарот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест