Живот
14. December 2015 - 23:48

Бесмртниот Путин: Наводни фотографии од пред 100 години кружат на интернет

На социјалните мрежи кружат фотографии од 1920 година и 1941 година за кои некои луѓе тврдат дека се од рускиот претседател Владимир Путин.

Во суштина тоа се оние кои ја поддржуваат тезата дека Путин е семожен и бесмртен и всушност тие ја покренаа приказната дека нивниот претседател всушност е митско суштество кое живее на нашата планета илјадници години.