Бесими: Работиме на нови мерки за надминување на актуелната состојба во економијата
Во текот на наредните денови на јавноста ќе и биде соопштено тоа што се размислува и што ќе се дизајнира како паркет на мерки за надминување на актуелната состојба во економијата, најави вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими.
-Сите можни интервенции за спречување на ценовните шокови се разгледуваат на Влада. Од премиерот е испратена официјална покана и утре во 17 часот во Владата ќе има средба на Економскиот совет во поширок состав. На средбата покрај министрите од економските ресори ќе присуствуваат и надворешни експерти од земјава. Тие ќе дадат свој придонес во однос на согледувањето на актуелните состојби во економијата и кои би биле евентуално можни предлози и идеи за натамошни решенија, рече Бесими во Тема на денот на ТВ Сител.
Ние, додаде, веќе работиме на можни мерки и во наредните денови од страна на Владата и премиерот ќе биде соопштено тоа што се размислува и ќе се дизајнира како паркет на мерки за надминување на актуелната состојба.
Министерот за финансии нагласи дека сега е веќе извесно дека руско-украинската криза нема да трае кратко и оти нема да заврши во наредните денови.
-Продолжува неизвесноста, не знаеме колку ќе трае, но веројатно нема толку брзо да заврши. Се бараат алтернативни чекори за снабдувањето со руски гас, а и стопанствениците сами бараат начини во однос на другите производи што се увезуваат од таму, рече Бесими.
Ново на Сител
-
Семејствата на починатите од „Пулс“ да се вклучат во кривичниот прогон
-
ИЈЗ: Позитивните на мајмунски сипаници се во добра состојба - Отворени телефонски линии за информации за граѓаните
-
Во Зрновци ќе се гради дом за стари лица со капацитет од 75 легла
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија ќе ги укине царините кон САД
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ