Бесими: Поефикасен и праведен даночен систем за одржлив и забрзан раст
Министерството за финансии, заедно со Управата за јавни приходи (УЈП) продолжува да работи на градење поефикасен и праведен даночен систем преку јасно дефинирани правила и принципи, што придонесува кон подобри јавни услуги, забрзан, инклузивен и одржлив раст на нашата економија, а со тоа и позадоволни даночни обврзници, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на одбележувањето на Денот на даночните работници.
Настанот што го организира Управата за јавни приходи, посочуваат од Министерството за финансии, претставува признание за посветеноста на даночните работници во ефикасното собирање на јавните приходи и во остварувањето на јавниот интерес кој е од исклучителна важност за државата.
-Вашата успешна работа се гледа во добрата реализација на даночните приходи, без која не може да има непречено извршување на функциите на државата. Преку собраните пари се инвестира во изградба на патишта, мостови, училишта, градинки, подобри здравствени и социјални услуги, подобро образование, рекол Бесими.
Министерството за финансии заедно со УЈП и меѓународните развојни партнери прави значаен чекор во обезбедувањето праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем кој ќе се темели на современи дигитални технологиии и иновации во оданочувањето, а е во функција на постигнување забрзан, инклузивен и одржлив економски раст.
Како што истакнуваат од Министерството, донесена е Стратегија за реформа на даночниот систем 2021-2025, која содржи пет приоритети за креаторите на даночната политика и органите во состав кои ги администрираат јавните приходи заедно со нивните клучни активности, резултати, одговорни субјекти и клучни индикатори за учинок. Потоа донесен е и Акцискиот план за сузбивање на сивата економија, согласно кој, интензивно се работи на реализација на активностите меѓу кои клучна е дигитализацијата на процесите и мерки кои ќе влијаат на зајакнување на даночната свест, како и мотивирање на економските субјекти да ги реализираат своите активности во формалната економија.
-Ефектите од овие мерки веќе ги гледаме преку зголемените даночни приходи оваа година. Според последните податоци од почетокот на годината заклучно со 29 ноември даночните приходи се повисоки за 19,2 отсто во однос на тој период од 2020 година, додека споредено со тој период од 2019 година се повисоки за 6,7 отсто. Исто така позитивни резултати има и кај повратот на данокот на додадена вредност. Повратот се врши редовно и само во периодот јануари-ноември 2021 година остварениот повратот на ДДВ е повисок за 19,65 отсто во споредба со истиот период од 2020 година, односно годината пред почетокот на пандемијата во нашата земја, а и во однос на 2019 година зголемувањето е за 19,87 отсто, посочуваат од Министерството за финансии.
На одбележувањето на Денот на даночните работници, информираат, на министерот за финансии му беше доделена плакета за успешна соработка помеѓу Министерството за финансии и Управата за јавни приходи.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп