Бесими: Од април има реален раст на платите, ефектите од кризите се чувствуваат, предизвиците остануваат
Од април има реален раст на платите. Ефектите од кризите не ги чувствуваат само нашите граѓани, туку се чувствуваат и во Европа и светот. Предизвиците и понатаму остануваат бидејќи има геополитички движења кои влијаат и врз пазарите, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.
Одговарајќи на новинарски прашања, Бесими рече дека од април платите не растат само номинално, туку реално затоа што инфлацијата се намалува. Она што е поважно, според Бесими, не е само платите реално да растат, туку реалниот раст на платите да биде одржлив.
- Во ниту еден момент не кажавме дека ќе направиме 100 проценти апсорпција на економскиот шок. Македонија беше најпогодена во однос на цените на европскиот пазар и кај нас и ние тој ефект го ублаживме и ќе продолжиме и понатаму. И граѓаните гледаат дека и покрај тоа што се зголемуваат цените, имаше раст на платите и во јавниот и во приватниот сектор гледано во споредба со другите држави, изјави Бесими.
Потсети дека македонската економија е мала и високо интегрирана на европскиот пазар и дека 160 проценти од БДП е трговијата од која 80 проценти е со ЕУ, а над половина е со Германија која годинава е во рецесија.
Ново на Сител
-
Шест полицајци повредени во Нови Пазар во судир меѓу граѓани и полиција пред зградата на Државниот универзитет
-
ОН: Во Газа влегува само половина од потребната помош, стотици илјади луѓе гладуваат
-
УЈП: Загрижувачка состојба во исполнување на ДДВ обврските
-
Со запален факел од хартија и текстил запалил греди на натстрешница - Истрага за пожар во Струмица
-
Ангелов: Во тек е административна селекција на пријавените кандидати за пожарникари
-
До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја
-
Поради расправија за паркинг место, 41-годишник физички се пресметал со 83-годишен дедо
-
Приведен 70-годишен штипјанец, допирал по телото малолетничка