Бесими на средба со ММФ: Клучно е да се одржи стабилноста

Влијанието на Ковид кризата врз македонската економија и презмените мерки од страна на извршната власт беа главните теми на првата официјална средба новиот министер за финансии Фатмир Бесими која тој преку интернет врска ја имаше со шефот на мисијата на ММФ во Македонија Баркбу и регионалниот претставник за Западен Балкан Ебле.
Како што информираат од кабинетот на Бесими, тој на средбата истакнал дека главен приоритет ќе биде ублажувањето на ефектите од ковид-кризата и обезбедување солидна основа за заздравување на економијата, а притоа зачувување на макроекономската стабилност.
Фокусот, како што рекол, ќе биде ставен во привлекување финансиски средства во нашата економија од надворешни извори на финансирање, како и разгледување можности за мобилизирање на слободните финансиски средства од домашниот финансиски пазар, а со тоа, во координација со Народната банка, задржување на финансиската и монетарната стабилност во економијата.
Инаку, Бруто домашниот производ во вториот квартал од годинава падна за рекордни 12,7%,. Во црвено се сите параметри освен јавната потрошувачка. Најголем пад претрпел извозот кој е намален за дури 31,3%, додека увозот бележи пад од 29,6%.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
