-->
-->
Беше тоа љубов на прв допир: Девојче побара да му го допре лицето, а потоа тотално го шокираше и го збуни претседателот
-->
17-годишната Регина Парпиева, и покрај нејзиниот хендикеп поради слепилото од кое страда, има една најголема желба и сон во својот живот – да стане новинарка.За нејзиниот сон во пресрет излезе лично рускиот претседател Владимир Путин, кој по годишната традиционална конференција за медиумите, ѝ ја исполни желбата на Парпиева која мечтае да стане новинар и ѝ даде дванаесетминутно интервју.
Путин, меѓу другото, искрено одговори на прашањата за своето детство и желбите за Нова година. По завршеното ма интервју, откако си разменија подароци, таа посака и првпат во животот да го „види“ претседателот, па го замоли Путин да му го допре лицето. Путин се согласи, а Регина, откако со раката помина по неговото лице и главата, му рече „Вие сте многу убав и многу добар“.
„Многу ви благодарам, многу ми е мило што го слушам тоа“, одговори Путин.
Регина го праша рускиот претседател што би сакал да добие како подарок за Нова година. Путин призна дека тоа прашање не е ни најмалку лесно и додаде дека најубавиот поклон за него би била констатацијата дека изминатата година има позитивен резултат и дека сите тешкотии во земјата се совладани. А што би посакал кога ќе дојде полноќ. „Едноставно, сите желби да се исполнат“, одговори Путин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
-

Ресоцијализација преку учење занает: Жени осуденички шијат во текстилна работилница во Идризово
-

Тема на денот со Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор од ДУИ
-

Ѓубрето во Скопје не се собирало со умисла - обвинителството поднесе обвинение против Рустеми и Саити
-

Одложена седницата за избор на в.д државен јавен обвинител
-

Се нижат оставки во СДСМ и барања за смена на Филипче по изборот на ново раководство
-

Во Струмица и Кичево не се дише, Скопје втор најзагаден град во Европа
