-->
-->
Беше тоа љубов на прв допир: Девојче побара да му го допре лицето, а потоа тотално го шокираше и го збуни претседателот
-->

За нејзиниот сон во пресрет излезе лично рускиот претседател Владимир Путин, кој по годишната традиционална конференција за медиумите, ѝ ја исполни желбата на Парпиева која мечтае да стане новинар и ѝ даде дванаесетминутно интервју.
Путин, меѓу другото, искрено одговори на прашањата за своето детство и желбите за Нова година. По завршеното ма интервју, откако си разменија подароци, таа посака и првпат во животот да го „види“ претседателот, па го замоли Путин да му го допре лицето. Путин се согласи, а Регина, откако со раката помина по неговото лице и главата, му рече „Вие сте многу убав и многу добар“.
„Многу ви благодарам, многу ми е мило што го слушам тоа“, одговори Путин.
Регина го праша рускиот претседател што би сакал да добие како подарок за Нова година. Путин призна дека тоа прашање не е ни најмалку лесно и додаде дека најубавиот поклон за него би била констатацијата дека изминатата година има позитивен резултат и дека сите тешкотии во земјата се совладани. А што би посакал кога ќе дојде полноќ. „Едноставно, сите желби да се исполнат“, одговори Путин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава