Беше најубавата жена во Југославија, ги заведе Бреговиќ, Чола, Ал Пачино...
Диана Нивен Бечиревиќ беше најпозната старлета во поранешна Југославија. Се прослави по голите фотографии за „Старт“, а на нејзината убавина и сексипил паднаа многу јодловенски, но и светски фаци.
кариерата како модел ја започнала крајот на 70-тите. Снимила неколку реклами и ја красела насловната на „Старт“ 1976 и „Плејбој“ 1981 година. Само три години покасно заминала во Италија, а по успешната манекенска кариера се свртела на новинарството.
Работела како новинарка две години на талијанската телевизија РАИ, му направила интервју на папата Иван Павле II , се дружела папата Бенедикт XVI,а на листата на нејзини љубовници се сместиле Горан Бреговиќ, Здравко Чолиќ. Мик Џегер, Ал Пачино и многу други славни мажи.
Кoга го коментирала дружењето со Ал Пaчино, изјавила дека бил преплашен од папараците и дека од него никако не можела да направи маж, како што и тој не можел од неа да направи жена. Раскинале поради неговото големо его.
Дијана и денес е заводлива, за што сведочат фотографиите кои ги поставува на социјалните мрежи. Поранешната старлета и актерка издала книга за својот живот, а минатата година ја претстави во Загреб.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот