„Беса транс“ имала лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници
Превозникот Беса Транс БТБ од Скопје, ул. 1 бр. 1, Рашче, Скопје чиј автобус имаше сообраќајна несреќа во Бугарија во која 45 лица загинаа, а седум се повредени имаше лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници со важност од 08.08.2018 година до 08.08.2022 година, информира Министерството за транспорт и врски.
-Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници во несреќата во Република Бугарија, во која животот го загубија државјани на Република Северна Македонија, и им посакуваме брзо опоравување на повредените патници, велат од Министерството за транспорт и врски и додаваат дека очекуваат истрагата да ги покаже причините поради кои настана трагичната несреќа.
До Министерството за транспорт и врски, Сектор за патен сообраќај, прецизираат, поднесено е барање од страна на превозникот Беса Транс БТБ од Скопје, ул. 1 бр. 1, Рашче, Скопје, евидентирано под број 08-4127/1 од 18.07.2018 година, за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници.
-Кон барањето е доставена целокупната документација согласно член 8 од Законот за превоз во патниот сообраќај, со што превозникот ги исполнил условите предвидени во Законот и му е издадена лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници. Со барањето за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, превозникот ги исполнил условите за добивање на лиценца и издадена му е лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници со сериски број 007017 со важност од 08.08.2018 година до 08.08.2022 година. Од тој момент превозникот се нема обратено до Министерството за транспорт и врски, Сектор за патен сообраќај, со поднесено барање за добивање на извод од лиценца за ново набавено возило, соопшти Министерството за транспорт и врски.
Министерството за транспорт и врски, се додава во соопштението, останува отворено за соработка со сите надлежни домашни и меѓународни институции за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Трипуновски: Кога ќе одберете домашен производ, вие инвестирате во иднината на нашите села
-
Афазија е нарушување на комуникацијата по мозочен удар - Во земјата има околу 10 000 лица со оваа состојба
-
Шведска поддршка за блатото
-
Се реконструира музејот на вода
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета