Беса и Алтернатива потпишаа декларација за соработка
Лидерите на Движењето Беса и на партијата Алтернатива, Биљал Касами и Африм Гаши денеска во Собранието потпишаа политичката декларација за соработка, како прв чекор кон создавање опозициски фронт.
Како што соопшти Беса, целта на оваа соработка е „барање начини за артикулирање на албанскиот опозициски глас во Северна Македонија“.
Со потпишаната декларација, како што се посочува во соопштението, се изразува подготвеноста на двете партии за соработка и координирање на политичките активности во насока на градење опозициски камп, кој „првично ќе ги артикулира и штити интегративните стратешки интереси на земјата, како и етнички албански и воопшто граѓански интереси, додека понатаму ќе се насочи кон проширување на оваа соработка и на други нивоа на политичка интеракција“.
- Наоѓајќи се во важна пресвртница, кога процесот на интеграција е во застој, кога политичката корупција стана единствениот успех на оваа Влада, а правата на етничките Албанци повторно се ставаат на неповолна позиција, историскиот момент наметнува сите албански политички сили, но не само политички, да соработуваат за делегитимирање на оваа корумпирана, неспособна и штетна власт за интересите на државата и на Албанците, се наведува во соопштението.
Од Беса посочуваат дека со потпишувањето на заедничката изјава од страна на Касами и Гаши, формално се официјализира договорот за соработка меѓу двете партии, при што се остава простор за приклучување и на други фактори кон овој блок.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Екс амбасадорот во Бугарија - Марјан Ѓорчев
-
Анализа: Како да нема превиди во помилувањето
-
Паднаа потписи: 4,1 милијарда денари од буџетот на владата за капитални проекти за општините
-
Мицкоски: Доблесно е да се даде оставка,кога ќе се констатира грешка да се преземе одговорност
-
СДСМ за оставките на Комисијата
-
Над 45 милиони евра издвоила државата за правосудството во 2022 година
-
Сдсм бара итна оставка на Христовски, Мицкоски очекува ДКСК да го истражи случајот
-
Бугарија гласа: Седми парламентарни избори за помалку од 4 години