БЕСА: ДУИ нема капацитет да донесе одлука
ДУИ нема морален и политички капацитет да донесе никаква одлука, не е во состојба да почитува ниту едно заедничко залагање на Албанците и покажа дека т.н. принцип „победникот формира влада со победникот“ беше само алиби за безусловно споделување на власта со Никола Груевски, смета Движењето БЕСА.
- По јавниот став на ВМРО-ДПМНЕ дека не ја прифаќа заедничката Декларација на албанските партии во Македонија и, покрај тоа, почнувањето на преговорите од страна на ДУИ со оваа партија, е прекршување на оваа декларација, со што уште еднаш се потврдува фактот дека оваа партија не е во состојба да почитува ниту едно заедничко залагање на Албанците, наведува БЕСА во денешното соопштение.
Движењето БЕСА смета дека демократскиот квалитет, донесен преку платформата редефинирање, дава надеж дека во иднина албанскиот интерес ќе биде на сигурен пат.
Ново на Сител
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“
-
69 независни кандидати за градоначалници – 6 во Прилеп
-
Данева: Собранието го игнорира Уставниот суд
-
Родители реагираат за искинати учебници – МОН најавува брзо решение