Бертолини: Засега нема планови за отворање мигрантски кампови во Македонија
- Засега нема планови за отворање мигрантски кампови во Македонија, рече денеска Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ во Скопје, одговорајќи на новинарски прашања по завршниот настан од проектот на Агенцијата за храна и ветеринарство за поголема безбедност на храната, што се спроведуваше изминатите 18 месеци со италијанска помош.
Бертолини истакна дека иако засега такви проекти и планови нема, не е исклучено ништо со оглед дека станува збор за политика.
- Морам да бидам искрен и да ви кажам дека знам колку што знаете и вие. Засега нема планови, ниту проекти за отворање мигрантски кампови во оваа земја. Според мене, одговорот е не, но како и се друго во политиката, се е предмет на промена. Па, да видиме. Засега, нема таков план, изјави Бертолини.
Ново на Сител
-
Сто и петнаесет години од раѓањето на Мајка Тереза - светицата на бедните
-
Без струја делови од Центар и Карпош
-
Доделување на државната награда „Мајка Тереза“
-
Претседателскиот кандидат Хорхе Кирога ќе ги блокира договорите за литиум со Кина и Русија
-
Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши