Берово утрово со најниска температура
Најниска температура утрово во Македонија е регистрирана во Берово, каде се измерени четири степени под нулата. Температура под нулата утрово имало и во Струмица минус два, и Демир Капија, Скопје - Петровец и Битола со минус еден. Во другите градови се утринската температура се движела од нула во Виница, Тетово и Гевгелија, еден во Скопје, Крива Паланка, Штип, Лазарополе, Куманово и Прилеп, два во Дебар, три во Охрид, четири во Прето и Маврово, пет во Пожаране, шест во Ѓуриште, Крушево до седум степени во Тополчани.
Преку ноќта времето беше малку до умерено облачно, а изутринава облачноста се зголеми и времето е умерено до значително облачно. Во некои од повисоките места дува слаб до умерен ветер од западен и северен правец.
Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголемува, така што во текот на ноќта ќе има локален дожд, особено во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе се движи од 13 до 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
Утре во утринските часови се уште ќе има локален слаб дожд, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Потоа во наредните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со температури во рамките на просекот. Ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе биде со умерен интензитет.
Ново на Сител
-
Поради здравствени проблеми Вучиќ ја прекина посетата на САД и се враќа во Белград
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Тетово - Гостивар
-
Фенербахче сака да го купи Душан Влаховиќ
-
Костадиновски: Потребен е Закон за Уставен суд за зголемена транспарентност и поголема доверба кај граѓаните
-
Перез се враќа во Формула 1
-
Пјастри: Да бидам на чело во Формула 1 е нешто посебно
-
Гран При на Мајами останува во календарот на Формула 1 до 2041 година
-
Поранешен тренер на Јунајтед го нападна клубот: Потрошија 750 милиони евра за играчи, а се во многу полоша состојба отколку што беа тогаш