Берово полно за претстојните новогодишни и божиќни празници
Во Малешевијата за претстојните новогодишни и божиќни празници сите сместувачки капацитети се полни, па во Берово во моментов се бара место повеќе за новогодишниот викенд.
Ова го потврдуваат и хотелиерите и сопствениците на приватни викенд куќи покрај Беровското Езеро. Според нив најбројни се гостите од соседна Бугарија.
Владо Мишовски менаџер во хотел „Манастир“ од Берово истакнува дека интересот за дочек на новата година во Берово е многу голем, а најбројни се гостите од Бугарија.
- Кај нас, уште пред 90 дена бугарски агенции го откупија хотелот и полни сме 100 проценти за дочекот на Новата година. Сѐ што им нудиме на гостите е со печат од Малешевијата. Традиционална малешевска кујна, традиционална музика, прошетка по Езерото, по планините. За таа цел имаме обележани пешачки и велосипдекси патеки. Но, тука е и посетата по историските споменици во Берово, манастирите и слично. Како и секоја година очекуваам и за дочекот на оваа година гостите да бидат задоволни, рече Мишовски.
Во традиционалните ресторани во Берово се резервирани сите капацитет за дочекот на Новата година. Зоран Пеовски од ресторанот „Мрс“ потврдува дека оваа година и тие за прв пат ќе организираат свечен дочек на Новата година.
- Интересот е голем. Имаме гости од цела Македонија, но и од соседна Бугарија. Така што се одлучивме да организираме дочек во ресторанот. Порано гостите не беа заинтересирани за вакви дочеци, тие повеќе си славеа во вилите каде беа сместени, по хотелите, а сега има голем интерес, вели Пеовски.
Берово последниве години претставува вистинска туристичка атракција. Малешевската традиција и природа спакувана во алтернативен туризам, се покажа како вистински рецепт за привлекување гости, па во Берово се веќе редовни гостите од Холандија и Израел, а во последно време и Бугарите ја запишуваат Малешевијата како сакана туристичка дестинација.
Ново на Сител
-
Собрание: На 10 септември седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР и надзорна посета во просториите на АНБ
-
ОЈО ГОКК биле во АНБ
-
Зеленски: Во Украина ќе бидат распоредени илјадници странски војници
-
24-годишник полово злоупотребувал 5 годишно девојче со кое бил во роднинска врска
-
Трамп: Ја изгубивме Русија поради најцрната Кина
-
Рама: Албанските, косовските и македонските туристи се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи
-
Кошта: Разумно е да и гарантираме на Северна Македонија дека ќе нема нови барања
-
Честитка од Трамп до Сиљановска Давкова за Денот на независноста