Берово дел од проект финансиран од програмата „Европа за граѓаните“

Берово ќе биде дел од проектот „Креирање европска мрежа на биоработни места и постигнување на територијална обнова“ финансиран од Програмата „Европа за граѓаните“.
Општина Берово информира дека целта на проектот е вклучување на локалните граѓани во процесот на донесување одлуки, особено на места кои се сметаат за биорегиони, како клучна опција за квалитетот на животот во нивните заедници, потпишување „устав" на Европската мрежа на биорегиони од страна на сите градоначалници од градовите кои се вклучени во проектот, како и тестирање на иновативните решенија за директно вклучување на граѓаните и нивно активно учество во јавни иницијативи.
Од општината посочуваат дека биорегионите се нов модел за рурален развој кој се шири во Европа врз основа на одбраната на земјоделските површини, единственост на храната, подобрување на локалните ресурси и на нови граници на одржливост, односно цели кои се во согласност со европските цели „20-20-20".
Во проектот, освен Берово, вклучени се и Општина „San Leo“ од Италија, Општина „Naukseni“ од Латвија, Здружението „Citta del Bio“од Италија, „Ecologie au Quotidien“ од Франција, Општина „Petrosino“од Италија, Агенција за развој на Hranice од Републија Чешка, Регионалниот центар за развој Копер од Словенија и Регионалниот комитет за туризам на „Troodos“ од Кипар.
Проектот предвидува спроведување на шест настани, кои ќе се одржуваат кај сите партнери во проектот, а според календарот на настани, во Берово активностите ќе се одржат во април годинава. Проектот завршува во март 2017 година.
Ново на Сител
-

Во нападите врз Техеран оштетена амбасадата на Србија | ФОТО
-

ДЗС со вежба го одбележува Светски ден на цивилната заштита
-

Кац: Израел го напаѓа Техеран директно со „stand-in“ муниција по воспоставувањето воздушна надмоќ
-

Следува период на топло време, температури до 20 степени
-

Фрлена течност пред Основниот суд во Куманово
-

Се спојуваат клиниките за кардиологија и кардиохирургија, се очекува поголем број интервенции и помалку административни пречки за пациентите
-

Њујорк Тајмс: ЦИА помогнала во прецизното лоцирање на Хамнеи
-

Шефот на иранската полициска разузнавачка служба убиен во американско-израелските напади
