-->
-->
Беровчанец затекнат при вршење незаконит лов со пушка за која немал дозвола
-->

Денеска во периодот од 06.00 до 14.00 часот од страна на полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи, Полициска станица Берово и претставник од ловното друштво "Дабевец" е спроведена акциска контрола за незаконит лов. При контролата, на место викано "Црвени брегови", атар на Берово, Б.З.(67) е затекнат при вршење незаконит лов на тоа место за кое нема концесија, со ловечка пушка за која немал дозвола, со што сторил кривично дело по чл.396 од Кривичниот законик.
По насоки на Јавен обвинител, оружјето е одземено, а по целосно документирање на случајот, против Б.З. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци и за вршење незаконит лов од чл.228 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УХМР: Следува период на стабилно и суво време со пониски температури
-

Божиновска: Зависноста од еден снабдувач е минато, иднината припаѓа на диверзифицирани, одржливи, сигурни енергетски решенија
-

Зеленски: Подготвени сме за мировни преговори, но не и за отстапување територија
-

Мицкоски: Одржливата енергија не е политички избор, туку морална обврска кон идните генерации
-

Приведен 42-годишен битолчанец, управувал возило со 2,99 промили алкохол во крвта
-

За разликите меѓу ковид и настинката
-

„Лукоил“ најави продажба на своите меѓународни подружници поради санкциите
-

Кавадарци: Со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради имот
