-->
-->
Берлин одобрил извоз на оружје во Турција во вредност од 25 милиони евра
-->
Германската Влада од почетокот на годинава одобрила извоз на оружје во Турција во вредност од над 25 милиони евра, јави ДПА, повикувајќи се на документ на Министерството за економија на Германија.
Од јануари до август годинава на Турција и се доставени 99 пратки на оружје во вредност од 25,36 милиони евра, се наведува во одговорот на германското Министерство доставен на барање на опозициската партија Зелени.
Во одговорот не е наведена вредноста на две од вкупно 99 испораки, што значи дека вкупната вредност е поголема од наведените 25,36 милиони евра.
Обемот на испораки е значително намален во однос на минатата година, кога во истиот период биле извршени вкупно 158 ипораки во вредност од 69,3 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За една година уништени 300 тони небезбедна храна
-
Презентација на проектот „Гасење на пожари со употреба на современи техники“ на бригадата за ПЗ Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Дали казните за комуналните претпријатија се решение за Скопје без ѓубре?
-
Тема на денот со Марија Митева, портпарол на Влада
-
Прв пат во Прилеп, втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“