Берлин: Кремљ ќе одлучи дали ќе ги искористи тајните на германските политичари

Шефот на германската разузнавачка служба БВФ смета дека руската влада ќе одлучи дали пред изборите во септември ќе ги објави информациите прибрани со кибер нападите што се случија врз германски пратеници и политички партии во 2015 година.
Шефот на федералната Агенција за заштита на уставноста (БВФ) Ханс Георг Масен во изјава за германските медиуми, вели дека огромни количини на податоци биле украдени од страна на руската хакерска група АП28 за време на кибер нападот врз Бундестагот во мај 2015 година и дека тие податоци сега можат да се појават во јавност, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Според Масен, по мајскиот напад, имало уште неколку други кибер напади врз партијата ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел и на други институции и организации, но останува нејасно дали напаѓачите успеале да украдат податоци и во овие напади.
- Нашите противници се обидуваат да дојдат до информации кои што можат да ги употребат за дезинформации или за операции за влијание на јавниот живот и политиката. Дали ќе ги употребат или не е политичка одлука и тоа ќе биде решено во Кремљ, изјави денеска Масен на конференција во градот Потсдам во близина на Берлин.
Ново на Сител
-

Во недела поради улична трка посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Сиљановска-Давкова - Берсе: Фрустрациите кај земјите кандидатки поради застојот во процесот на проширување може да создадат негативни политички тенденции
-

79-годишник од Скопје допирал малолетна сосетка во својот дом
-

Заложничка криза во банка во германскиот град Зинциг
-

Мицкоски на отворањето на „Плазма - Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија
-

Во март годинава 245 одобренија за градење, за 26,6 проценти помалку од март лани
-

Сиљановска-Давкова: Патеки кон демографска отпорност во согласност со потребите на луѓето
-

Велешанка била измамена со СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок
