Берлин и Анкара во конфликт за прославата на Божик

Германското Министерство за надворешни работи остро ја критикуваше одлуката на турските образовни власти да забранат прослава на Божик и пеење на божиќни песни во германското средно училиште во Истанбул, јави дописникот на МИА од Берлин.
- Не ја разбираме неочекуваната одлука на училишната адинистрација, се вели во реакцијата на германското Министерство.
Според германската новинска агенција ДПА, минатата недела управата на германското средно училиште, основано пред 100 години, објави дека „божиќните традиции и пеењето божиќни песни веќе не се дел од наставната програма“.
Во исто време откажан е и настапот на улилишниот хор на традиционалниот божиќен концерт во Истанбул.
Германското Министерство во својата реакција невдува дека жали за одлуката и најави дека ќе разговара со своите турски партнери за инцидентот.
Германското училиште преку својот веб сајт ги отфрли обвинувањата од Берлин дека вовело забрана за прослава на Божик.
Во училиштетото кое добива финансиска поддршка од Германија работат 35 германски наставници, а поголем дел од учениците се Турци.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
-

Мицкоски: Еврокомесарката Кос ќе престојува во земјава во рамките на редовната обиколка на регионот
