Берлин бара Москва да не го политизира случајот со наводното силување на 13-годишно девојче
Германија побара Русија да не се обидува да создава политички капитал од „наводното киднапирање и силување“ на 13-годишно девојче со руско потекло, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според руските медиуми, се работи за случај во кој малата Лиза со часови била силувана од група бегалци, додека германската полиција тврди дека се работи за сексуален контакт со согласност од двете страни.
Германските закони, според кои, секој сексуален контакт со малолетен партнер е кривично дело, за Русија е доказ дека Германија ги крие сторителите и тоа со цел да не предизвика дополнителен анимозитет на домашната јавност кон барателите на азил.
По емотивните протести на руската заедница во повеќе германски градови, реагираше и германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер, кој порача дека нема причина да се оправдува зпоупотребата на 13-годишно девојче за политичка пропаганда, со цел да се разгори ионака тешката дебата за миграцијата.
Полициската истрага засега не најде докази за киднапирање или силување на девојчето. Обвинителството сослшува двајца осомничени за злоупотреба на дете, но засега нема докази за 30-часовно силување на група баратели на азил, како што тврдат дел од медиумите.
Германските власти и без обвинувањата од Русија имаат доволно проблеми на оваа тема по новогодишните сексуални напади врз стотици жени во Келн и други германски градови.
Дипломатскиот спор меѓу Русија и Германија се случи два дена откако германскиот минисер за финансии Вофганг Шојбле изјави дека Москва мора да биде партнер за решавање на кризата создадена со судирот меѓу шиитите и сунитите на Блискиот Исток.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп